Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката на Костадин Костадинов прва „го скрши мразот“ и ќе си даде оставка

Мајката на Костадин Костадинов прва „го скрши мразот“ и ќе си даде оставка

Мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, прва „ќе го скрши мразот“ и ќе си поднесе оставка како нововработена во Централниот регистар на Струмица.

Фанија Костадинова сама ќе се повлече од работното место, откако лани беше откриено дека била вработена во оваа државна институција по назначувањето на Костадинов за гласноговорник на владеачката партија.

Оставката доаѓа по најавата на премиерот Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места. Неофицијално, и други најблиски, роднини, сопружници и сватови на јавни функционери се подготвуваат да се откажат од своето работно место.

Новоформираната антокорупциска комисија веќе започна постапка со околу 20-тина имиња на нововработени во јавни институции а се поврзани со пратеници, директори и градоначалници.


Слично

Поврзани вести