Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката на генијалниот математичар Дамјан ќе го тужи МОН, оттаму без коментари

Мајката на генијалниот математичар Дамјан ќе го тужи МОН, оттаму без коментари

Никица Давкова, мајката на генијалниот математичар од Штип, Дамјан Давков, на кој МОН не дозволи да му се додели наградатапрво место на натпреварот по математика со образложение дека се натпреварувал во ранг на средношколци, најави дека ќе поднесе тужба против ресорното министерство до Управниот суд.

На својот профил на Фејсбук таа напиша:

-Голема благодарност до сите поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании, болници, банки, бизнис сектор, музичари и други кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од тоа. Принципиелно ги одбивме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка. Што се однесува за добиеното решение од МОН, си има правна поука која ќе ја искористиме и ќе продолжиме понатаму“, наведува Давкова.

Истовремено од МОН за Слободен печат велат дека нема да ја коментираат нејзината најава за поднесување тужба иако случајот на осомооделенецот Дамјанм кој веќе го доби прекарот „Питагора од Штип“ предвизика лавина реакции на социјалните мрежи, а неговата мајка најави дека случајот ќе го тера до крај. 

ФОТО/ФБ

Слично

Поврзани вести