Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката на бебето од Кочани е негативна на Ковид-19

Мајката на бебето од Кочани е негативна на Ковид-19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.

Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 06.04.2020 година, а резулатите биле готови на 07.04.2020 година.

Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран вчера. 

Слично

Поврзани вести