Мајка со својата ќерка го нападнале сопругот со љубовницата
Средовечна мајка заедно со својата ќерка го нападнале физички својот поранешен сопруг со негоавата невенчана партнерка во куќа во Гостивар, соопшти полицијата. СВТ Тетово соопшти дека тие се уапсени, случајот се расчистува и ќе следуваат соодветни пријави.
„Вчера (13 јуни) околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга“, соопшти МВР.
Според соопштението, ќерката користела и остар предмет. Случајот го пријавил таткото, односно поранешниот сопруг.
Слично
