MAJKA РАСКАЖА: Детето трпеше тортура во градинка и на училиште
Се вративме од Хрватска, дојдовме во нова средина, по што се случи моето дете во градинка да биде малтретирано, раскажува мајка на дете кое трпело тортура од врсници.
„Отидов таму и разговарав, по што проблемот беше решен за среќа. Потоа во училиште истото се случуваше, мавање со гуми, тетратки, фрлање очила, и што уште не. Прво му вршев притисок на моето дете, но откако видов дека не бива, му реков дека прво треба да игнорира, па да ги опомене и ако треба да се брани од нив. Тука не можеме ништо, секогаш се наоѓа оправдување дека е детска игра“ – вели родител.
Во Македонија неодамна беше актуелен случајот со девојчето кое во „Ѓорѓија Пулески“ го исфрлија ученици преку прозорец, а од училиштето тврдеа дека немало лоша намера и дека се работело за детска игра, иако девојчето имаше повреди. Претходно во Неготино, девојчиња тепаа соученичка, а се појави и уште едно видео подоцна на кое се гледа како девојчиња си удираат шлаканици и клоци.
Читајте уште