Мајк Помпео тргна кон Македонија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Италија каде се состана со претседателот Сергио Матарела со што ја започна европската турнеја во која треба да ја посети и Македонија на 4 октомври.
По посетата на Италија и Ватикан, вториот човек на САД по претседателот Доналд Трамп, ќе отпатува во Црна Гора и Македонија, каде ќе ја истакне посветеноста на Вашингтон за проширувањето на НАТО. Посетата на Помпео ќе заврши со посета на Бугарија и Грција..
Оваа посета е јасна политичка порака дека Македонија станува дел од териоторијата на НАТО што треба да ги обесхрабри сите понатамошни активности во и надовор од државата да се спречат евроатлантските интеграциски процеси на Македонија. Посетата на Помпео воедно ќе испрати порака до Брисел за потребата од зелено светло за старт на преговори како процес кој е силно поддржан од САД.
Сепак, најсилната порака директно или индиректно е до властите во државата за тоа дека во Македонија завршува тридецениската тразиција полна со корупција и полтички игри во интерес на неколку поединци. Обидите на подземјето од која било политичка провиниенција да корумпира поединци и институции со цел да се спречи правдата, мора да биде јасно дека немаат никаква перспектива.
Членството во НАТО и стартот на преговори за членство во ЕУ, за Македонија значи голема обврска за имплематација на вредностите на кои се темели евроатлатското семејство.
„Седнувањето на иста маса со најразвиените, најдемократски и најбогати држави во светот во најмала рака значи дека ќе треба да јадете со нож и вилушка без да грабате со раце од чинијата во која се служи вечерата“, е пораката од американската администрација која ја пренесува Нова ТВ.
По речиси 20-тина години ова ќе биде прва посета на еден американски државен секретар во земјава, по онаа на Колин Пауел кој ја посети Македонија во 2000 година кога беше кризата.
Аналитичарите сметаат дека посетата на Помпео е големо признание на САД за досега сработеното. Тоа ќе биде своевиден мониторинг и на политиките во земјава, но и регионот. По добиеното зелено светло од Германија за добивање на датум за преговори на Македонија, оваа посета треба да биде дополнителна мотивација на актуелната Влада за да продолжи со работа.