Маја Сивагнанам ќе биде новата британска амбасадорка во Скопје
Маја Сивагнанам ќе го наследи Метју Лосон како нова амбасадорка на Велика Британија во Скопје и тоа ќе биде нејзина прва таква функција, соопшти амбасадата на Велика Британија.
„Г-ѓа Маја Сивагнанам е назначена за амбасадор на Неговото Височество во Република Северна Македонија, наследувајќи го г-дин Метју Лосон, и ќе ја преземе својата должност во текот на август 2026 година“, објави амбасадата на Велика Британија во Скопје.
Според биографијата на Сивагнанам објавена на официјалната веб страница на британската Влада, таа е професионален дипломат од 2001 година. Во текот на дипоматската кариера во Форин офисот извршувала повеќе должности, а била и на служба во британската амбасада во Анкара, Турција.
Слично
