Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маја Ристова: Загинатиот кинески државјанин работел со Виза Ц

Маја Ристова: Загинатиот кинески државјанин работел со Виза Ц

Маја Ристова, адвокатката која го застапува семејството на загинатиот кинески работник од првата половина на септември во Кавадарци, на социјалните мрежи објави дека починатиот кинески државјанин во ИГМ Трејд Кавадарци имал Виза Ц, односно туристичка виза.

„Работодавачот знаел или морал да знае дека со овој тип на виза, НЕ СМЕЕ да ангажира работник, најмалку да дозволи ракување со кран.

Друго прашање кое треба да се истражува кој издал Виза Ц и замижал пред законот, во интерес на ИГМ Трејд и Илија Гечев“,објави Ристова.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во фабриката по еден ден откако животот го загуби 38-годишен државјанин на Кина.

Според првичните информации, странскиот државјанин пристигнал во Македонија кон крајот на август, но постојат сомненија дека иако сè уште не му биле регулирани престојот и работниот однос, тој бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката.

Несреќата се случила кога работникот бил притиснат од кран на висока платформа, при што се здобил со тешки телесни повреди од кои подоцна починал.


Слично

Поврзани вести