Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маја Кадиевска и Зоран Љутков повеќе не се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Маја Кадиевска и Зоран Љутков повеќе не се членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за култура Зоран Љутков, како и поранешната вицегувернерка на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, повеќе не се дел од највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ, извршниот одбор, објави „Фокус“. Истото се однесува и за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Нов член на ИК станал Благоја Ташаминов, поранешен разузнавач и шеф на кабинет на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неименуван висок функционер на владејачката партија на кој се повикува порталот, не станува збор за суштински, туку за „козметички“ измени, чија цел е министрите Сања Божиновска и Љутков целосно да се посветат на државните функции, како и на раководењето на партиските комисии за енергетика и култура.

Слично

Поврзани вести