„Магна Мирорс“ ќе ги отвори вратите на фабриката во Струга, еве што ќе произведува за производителите на автомобили во светот
„Магна Мирорс” денес ќе ги отвори вратите во ТИРЗ Струга.
Кандаската компанија со седиште Онтарио-Канада кое работи на глобално ниво има дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.
Истите нешта ќе ги произведува и во нашата земја, а истите ќе се прават за најзначајните производители на автомобили во светот.
„ОДВ ЕЛЕКТРИК“ ДОБИ 1,1 МИЛИОНИ ЕВРА, А „МАГНА МИРОРС“ 682 ИЛЈАДИ - државата ги исплаќа своите обврски од договорите со странските инвеститори„Магна Мирорс“ пак е производител на ретровизори. На нивната интернет страница стои дека нивната фирма мајка, Магна Интернешенел е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија.
„Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот, а глобалната мрежа на Магна се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158.000 веаботени“, велат од компанијата.
