Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маглата сепак направи проблеми на аеродромот во Скопје

Маглата сепак направи проблеми на аеродромот во Скопје
Иако утрово сите полетувања од аеродромот „Александар Велики“ беа реализирани, нешто после девет часот густата магла сепак го затвори скопскиот аеродром. Откажан е летот на Туркиш Ерлајнс кон Истанбул, а задоцнување се очекува и на летовите за Берлин, Базел и Виена што треба да се реализираат до 13 часот. За пристигнување, утрово се реализирал летот на Аустријан Ерлајнс од Виена, но затоа летот од Истанбул е целосно откажан, а од Берлин во 09:55 пренасочен кон аеродромот во Солун. Доцнење се очекува и на слетувањата од Истанбул, Гетеборг, Виена и Лондон, кои треба да се реализираат до 13 часот.
Слично

Поврзани вести