Маглата се крена – „Александар Велики“ конечно отворен за сообраќај
Авионот на „Аустријан ерлајнс“ и „Луфтханза“ од Виена беше првиот кој околу пладне успеа да се спушти на аеродромот „Александар Велики“ и попладнево повторно да полета кон Виена. Скопскиот аеродром два дена речиси целосно беше затворен за сообраќај заради густата магла.
Рано утрово во лоши услови од скопската писта успеа да летне само авион на превозникот „Виз ер“ кон Лондон, Лутон. Денеска поради временските услови беа откажани шест пристигнувања и исто толку полетувања од аеродромот.
Густата магла овие два дена го парализираше аеродромот, но го отежна сообраќајот и по патиштата низ Македонија каде видливоста беше значително намалена.
Слично
