Маглата пак го зароби „Александар Велики“
Сите пристигнувања и полетувања на авионите од скопскиот аеродром „Александар Велики“ од утрово се откажани заради густата магла.
Авионот на ВизЕр од Гетеборг утрово бил пренасочен кон Софија, а летот на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје е откажан. Од Скопје утрово биле откажани и полетувањата кон Дортмунд и Истанбул.
Маглата која го покри скопскиот аеродром го одложи заминувањето и на македонските ракометари во Данска, каде од утре ќе започне 11-то Европско првенство во ракомет.
Повторно нормализирање на авионскиот сообраќај се очекува во текот на денот, кога ќе се подобрат временските услови.
Слично
