Маглата пак го „врза“ „Александар Велики“
Маглата од утрово пак го отежнува авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Утрово, според информациите од аеродромските служби, со задоцнување полетале авионите за Дортмунд и Загреб, а летовите за Истанбул се целосно откажани.
За слетување, доцнат авионите од Дортмунд и Виена.
Скопскиот аеродром имаше проблеми со маглата и на почетокот на месецов, кога неколку дена сите летови беа откажани. Маглата на крајот од минатата година, пак, предизвика пад на бројот на патници од аеродромот во декември.
Магла има и по патиштата низ Македонија. На патните правци Тетово - Скопје - Велес - Штип, Неготино - Градско, Кула - Катланово и Катланово - Велес намалена е видливоста до 50 метри.
Железничкиот сообраќај се одвива без проблеми.
Слично
