Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МАГЛАТА Е ВООБИЧАЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“: Ангелов вели дека Дрисла сѐ уште чади

„МАГЛАТА Е ВООБИЧАЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“: Ангелов вели дека Дрисла сѐ уште чади

Очигледно е дека надвор има магла, но тоа е вообичаено за овој период на годината, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Утрото вели дека го поминал на тераса, а маглата била онаква каква што има на почетокот на септември, особено по врнежи, кога има дополнително испарување.

„Јас живеам во РЦ Аеродром. Очигледно е дека надвор има магла. Но магла има и во повеќе други делови од државата односно има насекаде каде што тоа е вообичаено за овој период од годината. УХМР околу 8.30 ќе излезе со официјална информација на кои места во државата има магла. Очекувам оваа магла да исчезне за неколку часа а најверојатно и побрзо. Чадењето од депонијата Дрисла е сеуште присутно но во многу помал обем и не е причина за маглата. За да избегнеме полемики дали воздухот е дополнително загаден од депонијата Дрисла, упатувам да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање каде постои Одделение за мониторинг на квалитет на воздух“, вели Ангелов.

Тој посочи и дека во текот на вчерашниот ден бил затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла на кој имало чадење, а денеска затрупувањето ќе продолжи со засилено темпо.

„Дивата депонија Вардариште е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење. Во текот на денешниот ден ќе излеземе со детални информации за сите досега преземени активности вклучително и оние кои се преземаат во текот на денешниот ден“, рече Ангелов. 

Инаку, утрово мерните станици покажаа висока концентрација на ПМ честички во воздухот, особено во Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба.

НОВО ЛИСИЧЕ, ЛИСИЧЕ, ГАЗИ БАБА ВО МАГЛА КАКО ВО ЗИМО - граѓаните револтирани, нема подобрување, не се дише

Слично

Поврзани вести