Магла по котлините, а од понеделник промени
Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините.
Максималните дневни температури ќе се движат од 3 Целзиусови степени во Маврово и Берово, 4 во Скопје, Крива Паланка 5, Кавадарци и Прилеп 6 до 7 во Охрид и 8 во Гевгелија.
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините ќе има услови за појава на магла. Минималните температури ќе се движат од -6 во Берово до 1 во Дојран, а максиманите дневни ќе се движат од 4 во Берово, Маврово 5, Скопје 6, Прилеп и Крива Паланка 7, до 9 во Кавадарци и 11 степени во Дојран.
Од понеделник се очекува значително затоплување, а во средината на идната седмица и невообичаено високи температури за овој период од годината, кои на места ќе достигнат до 15 степени Целзиусови.
