МАГЛА НА СИТЕ ПЛАНИНСКИ ПРЕВОИ: Видливоста намалена на 50 метри
Автомото сојузот
на Македонија информира дека утринава има магла на сите планиски превои ширум
земјава. Видливоста е намалена на 50 до 100 метри на превоите Ѓавато, Пресека и
Буково Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на
зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа
обврска ќе трае до 15 март.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
