Магла на патиштата - на еден правец видливоста е 10 до 20 метри
Maгла има на патиштата низ Македонија, што го отежнува движењето на возилата.
Од 30 до 50 метри видливоста поради магла е намалена на патниот правец Тетово – Гостивар, а од 10 до 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово.
Намалена видливост од 50 до100 метри поради магла утрово има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Вчера во земјава имаше влажни коловози, но и магла на Ѓавато. Видливоста таму вчера беше до 100 метри.
