Економија, финансии, бизнис

Контакт

Магла ја намалува видливоста на патиштата

Магла ја намалува видливоста на патиштата

На повеќе патни правци низ Македонија претпладнево магла го отежнува сообраќајот.

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин, Делчево, Павлешенци, Струмица, Гевгелија, Велес, Кула, Катланово, Скопје, Тетово, Кичево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Маглата во Скопје и понатаму прави проблеми во одвивањето и на воздушниот сообраќај. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утрово се реализирал само еден лет, оној за Дортмунд, додека летовите за Загреб и за Истанбул пак биле откажани.

Поради временските услови веќе неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите.

Слично

Поврзани вести