Економија, финансии, бизнис

Контакт

Магдалена Манаскова: Сестра ми доби решение за вработување во Театар „Комедија“

Магдалена Манаскова: Сестра ми доби решение за вработување во Театар „Комедија“

Магдалена Манаскова, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, за време на собраниската седница за назначување на новопредложените министри и заменици-министри во Владата на РСМ, му потврди на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, дека нејзината сестра неодамна е вработена во скопскиот театар „Комедија“.

- Пратеничката Манаскова да излезе да каже дали нејзината сестра е вработена во некој од скопските театри, па да се види дека ние од СДСМ не вработуваме партиски кадри. Ако се вработила, тоа сигурно не го побарала од СДСМ - рече Костадинов од собраниската говорница за време на расправата.

Манаскова ведбнаш потоа го потврди вработувањето на нејзината сестра.

- Се извинувам до театар „Комедија“ што морам во ваква ситуација да го споделам ова. Мојата сестра е во овој театар веќе пет години, а неодамна доби решение за вработување, рече Манаскова.

Инаку директор на овој театар порано беше Јелена Жугиќ, жесток критичар на тогашната опозиција, а сегашна власт.


Слично

Поврзани вести