Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мациевска: Адријана толку многу веруваше што кога ќе отидевме на Онкологија ние во доктор Нино гледавме Господ

Мациевска: Адријана толку многу веруваше што кога ќе отидевме на Онкологија ние во доктор Нино гледавме Господ

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози, кои се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако почнала со лекување на Клиниката за онкологија во септември 2020 година.

Мациевска рече дека ѝ била направена само крвна слика, но никогаш не ѝ била измерена телесната тежина. На прашањето кога за првпат забележала дека ѝ се влошува здравствената состојба на нејзината ќерка, Мациевска рече  дека тоа било откако почна да прима имунотерапии.

„Додека ги примаше хемотерапиите имаше навистина тешки состојби, буквално експлозија на организмот… На Адријана никогаш не ѝ беше измерена телесната тежина, сега прочитав дека тоа морало да се направи. Секако дека јас алармирав за состојбата, бидејќи имав телефон и од Нино и од Мери, но одговорите беа дека тоа е нормално после секоја терапија и дека ќе ѝ помине. Адријана толку многу веруваше што кога ќе отидевме на Онкологија ние во доктор Нино гледавме Господ. Не можам да кажам дека тие на почетокот не беа љубезни. Ги истуркавме хемотерапиите некако и таа се крена, дури и подготви цела изложба, сѐ додека не почнаа тие имунотерапии“, рече Мациевска.

Со секоја следна имунотерапија, како што раскажа, симптомите биле сè посилни, но, и покрај нејзините реакции Васев продолжил со давање имунотерапии, нагласувајќи дека тоа е „превентивно и е најприродна биолошка терапија“.

„Доктор Нино рече дека ќе продолжиме со имунитерапии превентивно и дека тоа е најприродна биолошка терапија. Уште по првата терапија Адријана имаше реакција која што не беше добра, им кажав дека не е добра… Со секоја следна симптомите ѝ беа и тоа како силни, јас реагирав постојано дека мора да се прекине со тие имунотерапии… Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика „дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете, таа не е добро, црниот дроб е оштетен и има вештачки метастази од неадекватна терапија“, сведочеше Мациевска.

Таа додаде дека на Клиниката за гастроентерохепатологија ѝ било посочено дека тие вештачки метастази се добиваат од неадекватна терапија. 

Слично

Поврзани вести