МААК загрижени дека Македонија ќе биде воено нападната од меѓународниот фактор
Маргиналната политичка партиија МААК се загрижени дека на Македонија и се заканува странска воена интервенција предводена од меѓународниот фактор и дека тоа е крајното сценарио против суверенитетот на Република Македонија се ближи кон својата конечна разврска.
„МААК предупредува на можна вооружена интервенција врз суверена и независна Република Македонија од страна на т.н. меѓународна заедница, предводена од заостанатите корумпирани бирократи, инсталирани во врвовите на дипломатијата на САД, НАТО и ЕУ, во време на Обама и клинтоновскиот светски режим и диктатура.
Имено, веќе три години оние кои треба да отворат пат за вооружена интервенција против демократска и суверена Република Македонија, преку радикалната левица во државава, преку разни левичарски здруженија и невладини организации, преку домашните и странски медиуми и преку гласноговорниците на соседните големодржавни идеологии, секојдневно и насекаде создаваат лажен привид за режим и диктатура во Македонија, стои во соопштението на МААК.
