М-НАВ: Не е точно дека некој побарал да си оди од кај нас
Македонски навигации денеска тврдат дека набавката на нов АТМ Систем не е заглавена поради немање локација, како што пренесоа одредени медиуми.
- Ве информираме дека за новиот објект за оперативно техничка зграда е обезбедена локација и преку потпишан договор за деловно техничка соработка со ТАВ добиена согласно за користење на земјиштето и објектот 8 месеци пред да се потпише договорот за набавка на новиот систем и новиот објект.По ова прашање имаме целосна поддршка од страна на институциите и Владата на РСМ за обезбедување дозвола за градба, процес што треба да заврши најдоцна за еден месец, велат од таму.
МНАВ АД Скопје информира дека е Друштво со двостепено одлучување каде Собранието на акционери и дека Владата на РСМ назначува тројца членови на Надзорен Одбор, кои назначуваат тројца извршни директори со подеднакви права во Секторите Воздухопловна навигација, воздухопловна техника и финансиско,правно работење и планирање на развојни инвестиции.
„Во моментот немаме ниту едно барање каде заменик директор на еден од нашите сектори или раководители има поднесено барање за напуштање на нивните позиции.Во моментот Управниот Одбор на М-НАВ брои три члена, избрани од НО на М-НАВ АД Скопје кој своите надлежности ги извршува согласно Статут на М-НАВ Ад Скопје“, гласи демантот на М-НАВ.
Укажуваат дека во последно време компанијата, како што велат од таму, е мета на критики од страна на медиумите со објавување на тенденциозни натписи и ширење на невистини, испревртени презентации на состојбите кои негативно влијаат во нарушувашето на угледот.
„Високиот рејтинг кој давателот на услуги за воздухопловна навигација на РСМ, М-НАВ АД Скопје го има во меѓународните воздухпловни институции, а пред се поради фактот дека услугите на Македонската контрола на летање ги користат стотици странски авиокомпании кои го прелетуваат нашиот воздушен простор, додека од друга страна ретко наоѓате простор во вашите гласила да објавувате факти за одличните финансиски резултати кои што М-НАВ АД Скопје ги има постигнато во последните три години со зголемување на приходите од прелети за 50 % со истиот систем кој е во употреба од 2000 година и ист број на контролори на летање. Покрај овие факти воопшто не се спомнува намалување на непродуктивните трошоци за 50%, посебно во делот на репрезентација, подобрување на работната атмосфера преку транспарентно и отчетно работење на менаџментот и поддршката од релевантните институции како Еуроконтрол, ЕАSА, IСАО, EBRD и други“, додаваат од М-НАВ.
Сите човечки и технички ресурси во М-НАВ АД Скопје работат со максимален капацитет и најпрофесионално ги извршуваат сите оперативни работни задачи, при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност во услугите за воздухопловна навигација континуирано се одржуваат на највисоко ниво, нагласуваат од компанијата.
