„Лустрацијата“ и натаму ја чини државата
Битолчанецот Никола Костурски, лустриран од поранешната државна Комисија за верификација на фактите, позната уште како Комисија за лустрација, на прес конференција во Битола изјави дека Европскиот суд за човекови права донел одлука, а Владата на Република Македонија дала согласност за исплата на 6.500 евра оштета поради тоа што за тој случај не добил фер судење.
Според Костурски, процесот на лустрација против него бил мотивиран заради неговото јавно спротивставување со политиките на претходната власт и неговата активност во Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола.
„Во 2013 година Светскиот Македонски Конгрес побара од општина Битола да се укине
традиционалната Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и да се прославува на друга,
заедничка „Иселеничка среба“ во Трново. Бидејќи се спротивставив на таквото барање, истата година,
во месец ноември бев лустриран. За изнесените податоци во мојот предмет со кој ми е нанесена
неправда, не добив фер судење и се жалев во Стразбур и конечно добив пресуда во која се потврдува
дека моите човекови права се прекршени, не е овозможено фер судење и според пресудата Република
Македонија треба да ми исплати на име нематеријална штета во износ од 6.500 евра кои македонската
Влада ги прифати заедно со одлуката, односно декларацијата која пристигна од Стразбур“, изјави
Костурски.
