Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луна паркот ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години

Луна паркот ќе биде даден на јавно приватно партнерство на менаџирање на 30 години
На јавно приватно партнерство ќе биде даден Луна паркот во Скопје  на менаџирање на 30 години. Инвестицијата за овој Луна парк е осум милиони евра при што треба да има четири адреналински реквизити, а останатите ќе бидат од различен тип. Реквизитите ќе бидат наменети за деца, тинејџери и за возрасни. За сите возрасти на луѓе ќе има забава во Луна паркот. Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски. - За таа цел изготвивме студија преку шпанска компанија врз основа на која објавивме два тендери, на првиот никој не се пријави, а на вториот се пријави една италијанска компанија која за малку не ги исполни условите, но се уште е заинтересирана. Студијата е со јавно приватно партнерство, рече Трајановски и додаде дека во неговата изборна програма е ставена изградба на Луна парк. Луна паркот, рече Трајановски, сега е на површина од 26 илјади метри квадратни со тоа што со новиот ДУП се даде можност да може да биде изградена површина од 40 илјади метри квадратни. - Со тоа сметаме дека ќе биде поатрактивен за јавниот приватен партнер. Многу е важно тоа што сакаме да најдеме приватен партнер кој веќе менаџирал со луна паркови и кој постојано ќе инвестира во атрактивноста на овој Луна парк и конечно граѓаните на градот Скопје и пошироко да доаѓаат во Луна паркот, додаде Трајановски.
Слично

Поврзани вести