Луксузен живот во центарот на Скопје во Premium Residence
Доколку сте во потрага по стан во центарот на Скопје, а притоа сакате да уживате во уникатни предности и највисоки стандардни на градба – време е да се запознаете со Premium Residence.
Premium Residence претставува комплекс кој е составен од 5 станбени згради, надополнет со хотел, фитнес и спа центар, трговски центар, детски игралишта, спортски терени, угостителски објекти и подземно паркиралиште. Ова го прави единствен комплекс од полузатворен тип во Македонија, кој ги нуди сите овие погодности токму во срцето на Скопје.

Локацијата на комплексот е Пере Тошев 12, веднаш до најголемиот отворен пазар, центарот на градот, како и во близина на основни училишта, средни училишта и најголемиот Универзитет во земјата. Местоположбата ви овозможува да стигнете до секоја точка во градот за помалку од 15 минути. Дополнително на располагање ви стојат околу 750 паркинг места, достапни за резидентите на комплексот.
PREMIUM RESIDENCE нуди комфор и практичност за сите станари и корисници на деловните простории благодарение на уникатните и практични архитектонски решенија кои овозможуваат максимална искористеност и фукционалност на просторот.

Инвеститорите на овој комплекс GEMAK (www.maliqigroup.com) се реномирана компанија и препознатливи меѓу населението на Град Скопје со нивните уникатни проекти како Park Hotel & Spa, Park Residence и најновиот во низата на хотелиерството, Next Door Park Hotel. Во партнерство со RAJANA Engineering кои се меѓународна компанија со многубројки проекти надвор од Македонија го креираа овој премиум станбен комплекс во срцето на градот!

Дознајте повеќе за Premium Residence на нивната нова и освежена веб-страна – www.premiumresidence.mk.
