ЛУКСЕМБУРГ: Иднината на Западен Балкан во рацете на министрите за надворешни работи на ЕУ
Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Луксембург. Таму ќе се разговара за европската иднина на Западен Балкан.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, најави дека тоа ќе биде размена на мислења за како со партнерите од Западен Балкан да се соработува за заедничка безбедност и просперитет.
„Западен Балкан е стратешки регион за Европа. Тоа е Европа, иако сé уште не е целосно дел од ЕУ“, рече Могерини.
Таа објави дека утре попладне, по усвојувањето на извештаите за напредокот на земјите кои се во процес на евроинтеграција, ќе отпатува кон Западен Балкан.
Могерини во посета на регионот ќе биде до 19-ти април при што ќе ги посети Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.
Слично
