Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Луково Поле“ го вознемири и „Разбуди се!“

„Луково Поле“ го вознемири и „Разбуди се!“
Граѓанското движење „РАЗБУДИ СЕ!“ е против изградбата на проектот „Луково поле“. Оваа невладина организација ги поддржува протестите на граѓаните на Дебар и неколку општини во Албанија, кои се противат на промената на природниот тек на реката Радика за потребите на проектираната хидроцентрала. „Сметаме дека реализацијата на овој проект е невозможна поради фактот што тоа не го поддржуваат граѓаните, но истовремено бара и меѓународна согласност од сите засегнати страни, но и поради фактот што министрите во владата на Македонија се построија со гласовите против. Земајќи го ова предвид, овој проект нема да се реализира никогаш, но граѓанските реакции не треба да сопрат се додека овој проект не е целосно отфрлен“, нагласуваат од граѓанското движење „РАЗБУДИ СЕ!“. Своето несогласување со проектот, во изјава за албанските медиуми, го потенцираше и министерот за животна средина Абдулаќим Адеми, кој најави дека министеритe Албанци во Владата на Македонија ќе ја блокираат изградбата на ХЕЦ „Луково Поле“, доколку се потврди дека со тоа се загрозува животната средина во подрачјето на Дебар. Повеќе за ставовите на ДУИ во врска со овој проект на следниот линк: „Луково Поле“ зависи од гласот на ДУИ?
Слично

Поврзани вести