Лукоил предупредува: Европа може да остане без гориво
Европа може да се соочи со проблеми со снабдувањето со гориво доколку регулаторите не го одобрат договорот на групацијата Гунвор за преземање на меѓународните средства на руската компанија Лукоил, предупреди извршниот директор на шведската компанија Торбјорн Торнквист.
Гунвор, со седиште во Женева, треба да ги преземе средствата на Лукоил во Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија. Исто така, ги презема мрежите на бензински пумпи во Европа и САД, како и нафтените и гасните полиња на Блискиот Исток, Централна Азија и Африка.
Договорот, вреден околу 22 милијарди долари, зависи од одобрувањето од американските, британските и швајцарските институции. Времето истекува бидејќи новите санкции на САД врз Лукоил и Роснефт стапуваат на сила на 21 ноември.
Торнквист нагласи за Фајненшл тајмс дека е клучно да се продолжат лиценците за работа на Лукоил. Тој предупредува дека секое нарушување на рафинериите може директно да ја загрози регионалната енергетска стабилност.
Во исто време, тој ги отфрли шпекулациите дека, поради неговата наводна блискост со Москва, тој всушност привремено го презема имотот за подоцна Лукоил да го врати.
Бонитет