Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукас најави концерт во Скопје, парите ќе ги донира за семејствата на загинатите во Кочани

Лукас најави концерт во Скопје, парите ќе ги донира за семејствата на загинатите во Кочани

Српскиот пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Митровиќ најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во „Јане Сандански“ во Скопје, а целиот приход, како што велат, ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани.  Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата.

„Ова ќе биде само првата донација. Ќе продолжиме да помагаме во Кочани. И бидејќи веќе се најавуваме, може да бидете мирни – ќе ги имаме сите можни документи, дури и ‘тоалетна хартија’, за да не помислите дека нешто недостасува“, поентира Лукас. 

Лукас деновиве беше уапсен во Кавадарци, настапот беше прекинат, бидејќи немал дозвола за работа, а во локалот имало многу повеќе луѓе од дозволеното, се пушело и слично. 

Тој обвини дека ова е лично против него, но изрази и сомнеж дали воопшто ќе настапува во Македонија. 

Премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со српскиот пејач Аца Лукас, рече дека воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Истакна дека законите се јавни и најави строго и внимателно следење на таквиот тип естрадни уметници и нивните менаџери.

Слично

Поврзани вести