Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска: Затворањето на фирми кои не издаваат фискални сметки не е реваншизам

Лукаревска: Затворањето на фирми кои не издаваат фискални сметки не е реваншизам

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека  затворањето на фирми кои не издаваат фискални сметки не е реваншизам, туку спроведување на законот.

„Граѓаните се еднакви пред законот и пред даночните обврски. Мал број на фирми не издаваат фискални сметки. Се обврзавме дека граѓанинот пред се и сите ќе бидат исти пред законот. Слушаме секакви работи и по сите постапуваме. Не правиме селекција, одиме секаде и правиме проверки. Секаде каде што бевме имаше и локали кои воопшто немаат фискални каси, и локални кои имаат стари фискални каси. Такви имаше и во Чаир и во Битола“- вели Лукаревска.

Таа кажа дека е во тек истрагата за случајот во кој вработени од УЈП извадиле од листа 37 фирми за да не се соочат со присилна наплата, а станува збор за милионски суми по основ на данокот на добивка за 2015 и 2016-та година. Таа најави дека наскоро ќе излезат со информација за десетте или дваесетте најбогати во Македонија врз основа на остварениот приход со милионски суми. 

Слично

Поврзани вести