Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска: УЈП го интересираше само дали Груевски плаќа даноци

Лукаревска: УЈП го интересираше само дали Груевски плаќа даноци

Надлежност на Управата за јавни приходи е само тоа дали поранешниот премиер Никола Груевски ги плаќал даноците, а не и тоа дали ги повлекол своите пари од сметките, рече директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

УЈП гпред најавените измени на Законот за Управа за јавни приходи не може да ги следи електронски банкарските сметки на физичките лица, па според тоа, да ги алармира надлежните институции.

На два месеци пред да избега и да добие азил во Унгарија, Груевски ги испразнил неговите банкарски сметки каде што имало 200.000 евра во денари и девизи.

Потенцира дека УЈП не е истражен, туку даночен орган и неговата работа е да ги спроведува и да ги унапредува даночните цели.

– Нашата цел во делот на овие измени е да постапуваме во сегментот на даночните цели. Во моментов ние немаме таква надлежност да можеме  да гледаме банкарски сметки, туку имаме можност по наши направени анализи да побараме од други сродни институции да утврдат одредена состојба.Тенденцијата на УЈП во делот на банкарските сметки е да ги види приходите на физичките лица. Нас не не интересира кој колку потрошил или кој, каде и што купил. Нас не интересираат приходите на секое физичко лице за да успееме да му доставиме на верификување или на корегирање точни податоци во претпополнетата годишна даночна пријава. Нашата основна задача е да се грижиме за наплатата на даноците и да поседуваме веродостојни податоци, рече Лукревска.



Слично

Поврзани вести