Лукаревска: Обединувачкиот момент ќе биде главен предзнак на состанокот
Директорката на УЈП Сања Лукаревска изјави дека во новиот избор на Централниот одбор на СДСМ ќе има различни луѓе од општеството, добро познати на јавноста.
Рече дека обединувачкиот момент е тој кој ќе биде главниот предзнак на овој состанок на ЦО.
„Сметам дека со еден ваков тим, освежен, напреден, силно оперативен, ќе постигнуваме следни резултати. За кадровите во владиниот кабинет ќе се разговара на следниот ЦО кој ќе биде по новогодишните празници. Заеднички сите ќе ги носиме многу битни сензитивни одлуки за државата“, изјави таа.
Слично
