Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лукаревска ја презеде функцијата директор на УЈП од Илиеска

Лукаревска ја презеде функцијата директор на УЈП од Илиеска

По повод примопредавањето на должноста, денеска беше остварена средба помеѓу новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и досегашната, Анастасија Илиеска. На средбата се разговараше за тековните проблеми, предизвици на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

„Да се биде Директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Со моето долгогодишно искуство во УЈП, функцијата на прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани. Она што би сакала да го потенцирам е дека моето делување и посветеност ќе биде во насока на понатамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани на зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и секако грижа за моите колеги, односно унапредување на професијата даночник“ – истакна Директорката на УЈП, Сања Лукаревска.


Слично

Поврзани вести