Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУКАРЕВСКА: Демократски ќе се бира нов лидер на СДСМ

ЛУКАРЕВСКА: Демократски ќе се бира нов лидер на СДСМ

Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, ќе се зголеми уште повеќе, а со тоа ќе можеме да одиме понатаму, напред во сите оние процеси коишто стојат како предизвик на државата и на владата предводена од СДСМ, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата Трилинг на 24 ТВ.

„Со Алтернатива имаме заедничка заложба, а тоа е евроинтегративниот процес“, рече Лукаревска, додавајќи дека Алтернатива го препознала прогресивното функционирање  во државата, и се она што и досега беше заложба на СДСМ, и нагласи дека во наредниот период сите нејаснотии и дилеми, сите непознати во равенката ќе бидат расчистени.

Најпрвин да ги видиме сите ефекти што ќе произлезат од средбата на претседателот Заев со претседателот на Алтернатива и од таму ќе можеме да ги црпиме размислувањата понатаму, нагласи Лукаревска.

Во врска со оставката на претседателот Заев, Лукаревска рече дека раководството на СДСМ нема да калкулира со било какви имиња, рокови, а кога ќе дојде повторно на дневен ред оставката секако дека ќе почнат оние процедури, кои доликуваат на една демократска партија, преку правилници, критериуми, низ демократски процес за избор на нов лидер.

Го видовме неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за недоверба на Владата и сега е можност за она што беше нереализирано да се реализира, во владината програма, заедно со уште поголемо и посилно парламентарно мнозинство, тоа го очекуваат граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Слично

Поврзани вести