Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето тргнаа на море - гужви имаше на граница

Луѓето тргнаа на море - гужви имаше на граница

На граничниот премин Богородица кон Грција викендов имаше долги колони возила, а дел од патниците пријавија задржувања што достигнувале и до четири часа за преминување на границата.

Зголемениот број туристи, почетокот на летната сезона и засилената фреквенција на возила од Македонија и регионот создадоа сериозен притисок врз преминот Богородица–Евзони, каде уште од утринските часови се бележи интензивен сообраќај.

Сепак денеска метежот е намален и тоа може да се види од видео снимките на граничните премини во реално време. 

Слично

Поврзани вести