Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛУЃЕТО СИ ПРАВЕЛЕ ИЗОЛАЦИЈА. ЗВУЧНА“: Ина Многуфина со остра реакција за парите заѕидани во домот на судијата

„ЛУЃЕТО СИ ПРАВЕЛЕ ИЗОЛАЦИЈА. ЗВУЧНА“: Ина Многуфина со остра реакција за парите заѕидани во домот на судијата

Информацијата дека во домот на родителите на македонскиот судија Ѓоко Ристов се пронајдени заѕиднаи 350 илјади евра оддекна како бомба низ македонската јавност. 

По информациите дека по направениот претрес кај судијата од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание, обвинителство објави дека пронајдена е огромна количина пари. 

Темата секако поттикна бројни коментари на социјалните мрежи. 

- Ама 350 000 евра заѕидани кај на судијата родителите не мора да значи дека се поткуп, можеби луѓето си правеле изолација. Звучна, од типот "не те слушам од париве" тип на изолација - пишува Ина Многуфина, позната критичарка на општествените случувања. 



Фото: Архива/МВР

Слично

Поврзани вести