ЛУЃЕТО САКААТ ДА ИЗМИСЛУВААТ - Шилегов вели дека односите со Заев не само што не им се нарушени, туку им се и прекрасни
Нема вистина во шпекулациите дека градскиот татко на Скопје Петре Шилегов и неговиот партиски лидер и премиер Зоран Заев се во нарушени односи.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во вчерашното гостување во 360 Степени на телевизијта Алсат М рече дека нема нарушени односи со Заев.
„Во прекрасни односи сме, вчера бевме на работен состанок заедно. Веројатно, во недостаток на интересни работи, луѓето сакаат да измислуваат работи што ги нема. Немаме нарушени односи. Ние толку многу поминавме заедно од 2013 година, нема логика зошто да имаме нарушени односи“, рече Шилегов.
За нова негова кандидатура за уште еден мандат за скопски градоначалник, како легалист, Шилегов рече дека тоа ќе го бара од СДСМ, и ќе ја испочитува внатрепартиската процедура.
„Сите ангажмани што ги имав во изминативе три години ми даваат за право да побарам поддршка од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за втор мандат. Јас како легалист ќе се држам до таа постапка и процедура. Тоа прво ќе биде барање поддршка во рамките на органите на СДСМ“, нагласи првиот човек на Скопје.
Воедно, тој додаде дека не гледа кој би му бил противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не сум опроварен кој ќе ми биде противник. Жал ми е што не успевам да видам дека ДПМНЕ креира политика за Град Скопје. Нивната советничка група не настапува со понуда, држат прес со црн лампион“, потенцира Шилегов.
