Економија, финансии, бизнис

Контакт

Луѓето од Авганистан се на привремен престој, вели Арсовски

Луѓето од Авганистан се на привремен престој, вели Арсовски

Луѓето од Авганистан се на привремен престој во земјава, велат од Владата. 

Портпаролот Душко Арсовски изјави дека не станува збор за бегалци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се на привремен престој во Македонија. 

„Со целиот капацитет се насочени сите сили на институциите на државата да им се помогне на овие луѓе кои не се бегалци, туку се луѓе кои се вработени во меѓународни организации и кои доаѓаат во Македонија одреден период додека да се средат сите документи за нивно продолжување до крајната дестинација – САД или трети држави“, вели тој. 

Пред два дена во земјава стигнаа 149 лица, и тоа е првата група. Авганистанци пристигнаа и во Косово и Албанија. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, останува на ставот дека Македонија треба да прими онолку Авганистанци колку што примаат земјите-членки на Европската унија.

Слично

Поврзани вести