Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛУЦИФЕР КОНЕЧНО ЌЕ ПОПУШТИ, ВИКЕДОВ ЌЕ НЕМА НАД 40 СТЕПЕНИ: Не очекува пороен дожд, силен ветер и невреме на повеќе места

ЛУЦИФЕР КОНЕЧНО ЌЕ ПОПУШТИ, ВИКЕДОВ ЌЕ НЕМА НАД 40 СТЕПЕНИ: Не очекува пороен дожд, силен ветер и невреме на повеќе места

Вчера беше измерен последниот екстремно топол ден со 42 степени измерени во Демир Капија  и во Скопје во населбата Петровец.

Се прогнозира дека од викендов температурите постепено ќе опаѓаат, и екстремно топлиот бран Луцифер ќе попушта.

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

-Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

УХМР информира дека од утре до вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести