ЛОВЏИИ СПАСИЈА ЧОВЕК ОД МЕЧКА ВО БЛИЗИНА НА МАКЕДОНСКИ БРОД - еве каква среќа имал мажот кој можел да заврши многу полошо
Ловџии спасиле човек од мечка, од која бил нападнат, за што сведочи и фотографија од неговото рането тело.
За ова извести Центарот за управување со кризи, од каде информираат дека ловџиите откако ги слушнале повиците за помош, испукале неколку истрели во воздух, од кои мечката се исплашила и побегнала.
„Во текот на вчерашниот ден помеѓу с. Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, кој бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух, после што мечката побегнала а нападнатото лице било кое било силно преплашено се здобило со телесни повреди“, се вели во информацијата од ЦУК, од каде споделија и фотографија од раните на телото на човекот, кој имал голема среќа што лиовџиите се нашле во негова близина.
Слично
