ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ: Потпросечни температури и чести врнежи

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА АВГУСТ: Потпросечни температури и чести врнежи

Според најновото ажурирање на прогностичките модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS), во првата седмица од месец август, односно, во периодот од петок (1 август) до следниот четврток (7 август) во нашата Република Македонија ќе имаме нестабилно, посвежо и променливо време со почеста појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер  и со услови за појава на град, објави метеорологот Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, наутро тие би се спуштале во интервалот од 10 до 19 степени, додека преку ден тие на повеќе места ќе бидат под 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Република Македонија температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, што значи дека пред нас е посвежо, односно по пријатно време, а наутро како што веќе кажав ќе биде  и значително посвежо.

Под влијание на посвежа воздушна маса од север, во првата седмица од август ќе имаме потпросечни температури на воздухот во нашата Република Македонија, но и во целиот регион“, објави тој.


ad
Слично

Поврзани вести