Лоша прогноза: Продолжениот викенд непогоден за море-подобро останете си дома
Од утре Македонија ќе биде зафатена од нов бран нестабилно време.
Според метеоролозите, нестабилното време ќе почне од денес попладне. Најизразено ќе биде на исток и северн со врнежи и во ноќта кон сабота.
Првиот ден од викендот ќе биде врнежливо во поголем дел од денот.
Се најавуваат поинтензивни процеси, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град.
Нестабилно се очекува да биде и во неделата, а поврнежливо ќе биде во попладнето.
Денес температурата ќе стигне максимална вредност помеѓу 26°С и 30°С , на југосток до 33°С.
Во сабота ќе има пад на температурите за 4°С до 5°С и максимумот ќе биде околу 28°С, а во недела ќе биде потопло од сабота за околу 2°С.
Слично
