Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лорер смета дека со продолжен и позитивен дијалог Македонија и Бугарија ќе најдат решение

Лорер смета дека со продолжен и позитивен дијалог  Македонија и Бугарија ќе најдат решение

Дека во интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ, тврди бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер. 

Вели дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.

Тој изјави дека национален интерес на неговата земја е Македонија да се приклучи кон Европската Унија. Следен чекор кон таа цел, според него е старт на преговори.  

„Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави“, изјави Лорер за БНР.

Но, Слави Трифонов од Има таков народ има и друго барање. 

Прво САД кои толку инсистираат на членство на Македонија во ЕУ, да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската Унија, дури тогаш, Македонија ќе може да стане членка на ЕУ, смета Слави Трифонов, новинарот кој влезе во политичка кариера во Бугарија, лидер на парламентарната партија Има таков народ. 

Иако се споменуваше дека во декември е можно добивање датум за преговори, сепак тоа не се случи. 

Слично

Поврзани вести