Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лорер не верува дека спорот меѓу Македонија и Бугарија ќе се реши во декември

Лорер не верува дека спорот меѓу Македонија и Бугарија ќе се реши во декември

Maли се шансите дека до 14 ноември, Македонија и Бугарија ќе најдат решение и дека бугарското вето ќе се тргне за старт на преговорите со ЕУ. 

Даниел Лорер од победничката политичка партија во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, кој е кандидат за министер за надворешни работи, изјави дека до 14 декември нема да може целосно да се реши спорот.  Вели дека ако остават само историјата да ги движи преговорите, тоа нема да биде добро за двете држави. 

Гостувајќи во емисијата „Важното, кажано на глас“ на радио бТВ, Лорер вчера порача дека се потребни и дополнителни преговори за економскиот напредок. 

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дена и јануари е опција за почеток на преговори.  Тој рече дека фокусот треба да биде декември, иако повеќето главни градови во Европа го споменуваат и јануари. 

Инаку, во Бугарија, членовите на ВМРО-БНД се разочарани и сметаат дека новата власт ќе ја предаде Бугарија, со тоа што ќе дозволи старт на преговори за Македонија. 

Слично

Поврзани вести