Локвенец: Влатко Ѓорчев направи се за да ни помогне
Би сакал да посведочам и за однесувањето на пратеникот Влатко Ѓорчев кое не може никако да се одглуми, изјави во своето сведочење пратеникот Хари Локвенец на судењето за упадот во Собранието на „крвавиот четврток“ лани.
„Тој се обидуваше и направи сѐ да ни помогне. Пред сѐ како луѓе. Беше чисто и исконски. Од срце“- вели Локвенец.
Рече дека не памети кој го удрил него, но бидејќи, како што рече тој, Собранието е со камери и точно може да се утврди напаѓачот ако снимките се сочувани.
Вели дека страшен психолошки момент било она што го гледале во живо во Собранието.
„Јас тогаш бев во помалата група пратеници од левата страна. Очигледна беше намерата дека фокусот е ставен на пратениците од десниот агол каде меѓу другите беа Села, Тачи, Заев. Јас трпев удари од повозрасни луѓе со голема жестина”- рече Локвенец.
Судењето продолжува на 19 септември.
