Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локвенц: Нека се аирлија парите од тутунот, в недела на избори

Локвенц: Нека се аирлија парите од тутунот, в недела на избори


Пратеникот Хари Локвенц денеска им се обрати на тутунопроизводителите и ги потсети дека на 17 април им се исплатени 27 милиони евра субвенции, откако вчера Комисијата за спречување на корупцијата на седница донесе одлука да испитува дали е дозволена ваква трансакција во предизборен период.

„Само од зголемувањето на субвенциите по класи тутун, годинава влегуваат околу 5 милиони евра повеќе пари за производителите на тутун. Од тие пари најголем дел завршуваат во прилепскиот регион како најтутунарски во државата. Субвенциите минатата година се исплатија на 17 април, годинава на 16 април. Како и минататата година, и годинава субвенциите се исплаќаат на еден месец пред почетокот на новата сезона, односно тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да ги реинвестираат во новата реколта“, истакна Локвенц.

Тој воедно го најави и првиот круг од претседателските избори в недела со порака дека граѓаните треба да изберат „напредок, повеќе пари и сигурна иднина“.

- Работите тргнаа на поарно, се повеќе пари завршуваат кај тутунарите, кај земјоделците, кај граѓаните. Во недела, на изборите избираме дали ова ќе продолжи или ќе се вратиме назад во црното време на режимот. Избираме напредок, повеќе пари и сигурна иднина. Продолжуваме заедно напред!, објави Локвенц.


Слично

Поврзани вести