Локално радио нема да емитува песни од Тамара Тодевска
Главната уредничка на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова, на социјалните мрежи порача дека сите песни на Тамара Тодевска по вчерашниот скандал со македонската химна ќе бидат „ненамерно” избришани од нивното радио.
За време на интерпретацијата на македонската химна Тодевска заборави да го испее токму тој дел од строфата каде што се споменуваат хероите Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.
„Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сè уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци“, напиша Митрова.

Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на амбасадата на САД во Скопје, Македонија.
