Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локалните избори тест за МВР

Локалните избори тест за МВР

Одговорноста која ќе ја имаат полицајците за време на изборите ќе биде тест за МВР и новиот министер Оливер Спасовски .

И покрај тоа што министерот денеска ги предупреди партиите да не ги злоупотребуваат полицајците во изборниот процес, сепак МВР ќе треба да докаже дека е институција за граѓаните а не на партиите.

Околу 9 000 полициски службеници ќе поминат низ обука на МВР и ОБСЕ како дел од активности кои се во насока на одржување на мирни, фер и демократски избори.

Министерот Спасовски ги потсети полицајците дека им е забрането да учествуваат во политички пропаганди бидејќи нивна задача е да им служат на граѓаните, а не на партиите.

Граѓаните пак слободно може да пријават секаков притисок од политички субјекти во МВР и токму овие случаи, како што посочи министерот ќе бидат приоритет за министерството.

Слично

Поврзани вести