Економија, финансии, бизнис

Контакт

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври, ДИК почна да се подготвува

Локалните избори ќе се одржат на 15 октомври, ДИК почна да се подготвува

Локалните избори ќе бидат распишани на 6 август, а ќе се одржат на 15 октомври, изјави спикерот Талат Џафери, во интервју за државната новинска агенција МИА. 

По распишувањето, ќе почнат да течат роковите за нивна организација, а Собранието би работело до почетокот на предизборната кампања, на 25 септември. 

Државната изборна комисија почна со подготовките за локалните избори. Донесени се упатства за родова еднаквост на листите на кандидати и за лична идентификација при гласањето. За да го превенираат големиот број на неважечки ливчиња, го олеснија критериумот за важечко ливче, во случаи кога од него јасно и недвосмислено се гледа желбата на гласачот. Ливчињата ќе бидат важечки само доколку се пополнети со заокружување. 

Александар Чичаковски, претседател на ДИК  информираше дека, и покрај големиот број на неважечки ливчиња, кои на последните избори беа 37 870, а на последните локални избори дури 50.000, сепак сме во европскиот просек, кој во Централна и Источна Европа е 7 проценти за парламентарни избори, а 9 за локални. 

Членот на ДИК, Субхи Јакупи кажа дека разликата на бројот на неважечки ливчиња на последните два циклуса избори била мала.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека, секој ден ќе бараат и вонредни парламентарни избори заедно со локалните. 

Слично

Поврзани вести